Погледите ги вртиме кон Русија, почнува Светското првенство!

by
2 минути читање

Во наредните 30 дена сите погледи ќе бидат насочени кон Русија, почнува Светското фудбалско првенство, најгледаното спортско натпреварување во светот.

Отварањето ќе се случи на стадионот „Лужники“ во Москва каде денеска на програмата е натпреварот меѓу домаќинот Русија и Саудиска Арабија кој почнува од 17 часот. Половина час порано ќе започне церемонијата на свеченото отворање, на која главна ѕвезда ќе биде пејачот Роби Вилијамс.

32 репрезентации поделени во осум групи ќе се борат за големиот трофеј кој го брани Германија. Најголем фаворит е селекцијата на Бразил, а потоа следуваат европските земји Франција, Шпанија, Германија, Белгија… За Меси ова можеби ќе биде последната шанса да стане Светски шампион со Аргентина кој на овој Мундијал е фаворит од сенка.

Натпреварите ќе се играат на 12 стадиони во 11 градови во Русија која за изградба и модернизација вложи околу девет милијарди евра.

Москва – „Лужники” (капацитет 81.000 илјади) „Откритие Арена“ (45.360)

Санкт Петербург – „Крестовскиј“ (68.134)

Казан – „Казан Арена“ (45.379)

Калинград – „Калинград Стадиум“ (35.212)

Сочи – „Фишт“ (47.659)

Волгоград – „Волгоград Арена“ (45.568)

Саранск – „Мордовија Арена“ (44.442)

Нижниј Новгород – „Нижни Новгород“ (44.899)

Самара – „Самара Арена“ или „Космос Арена“ (44.918)

Ростов на Дон – „Ростов Арена“ (45.000)

Екатеринбург – „Екатеринбург Арена“ (35.696).

Денеска на програмата е само еден натпревар, дуелот меѓу Русија и Саудиска Арабија кој почнува од 17 часот.

Од утре натпреварите од групната фаза почнуваат во стандардните термини во кои ќе се играат во првите две кола, 14, 17 и 20 часот. Исклучок е сабота кога ќе има четири натпревари кои ќе почнат од 12, 15, 18 и 21 часот. По четири натпревари ќе има и во последното коло од групната фаза кога натпреварите од иста група ќе се играат и во ист термин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани