Шпанските медиуми
утрово шпекулираа дека селекторот Лопетеги може да добие отказ на ден пред
Светското првенство бидејќи синоќа беше објавено дека ќе биде нов тренер на
Реал Мадрид.
Синоќешната бомба на Реал и
Перез ги поделила лидерите на федерацијата, дел побарале да му биде врачен
отказ на селекторот, додека други го момеле претседателот Луис Рубиалес да се
воздржи и добро да размисли бидејќи веќе во петок „Фуријата“ го почнува својот
настап на мундијалот.
Беше свикан прес
во 10:30 часот и на него се очекуваше да биде соопштена одлуката. Но прес
конференцијата е одложена за еден час. Ситуацијата е неизвесна, се говори дека
Лопетеги и Рубиалес имаат итен состанок на кој присуствува и директорот
Фернандо Јеро како и еден од капитените, Серхио Рамос, и очигледно потребно е уште време
за да биде донесена правилната одлука.
Се чини дека
поголема е веројатноста Лопетеги да го заврши првенството со Шпанија и потоа да
замине. За некое време ќе видиме како мислат луѓето од Шпанската фудбалска
федерација.