Реал Мадрид вчера
на големо изненадување соопшти дека Хулен Лопетеги ќе биде наследникот на
Зинедин Зидан, стратегот ќе седне на тренерското столче на Бернабеу по крајот
на Светското првенство.
Последните
информации велат дека на луѓето од Фудбалската федерација на Шпанија не им се
допаѓа ова, па размислуваат да му врачат отказ на само ден пред Светското
првенство. Селекторот вчера
беше снимен како има тензична дискусија со директорот Фернандо Јеро.
Холен Лопетеги во
10:30 треба да се појави на прес конференција на која ќе ја образложи својата
одлука, а по него со медиумите ќе разговара и првиот човек на федерацијата, Луис
Рубиалес.
Тој би можел да
соопшти дека Хулен Лопетеги нема да ја предводи „Црената Фрурија“ на мундијалот, и дека во петок друг стратег ќе седи на кормилото за дуелот со
Португалија.
Еден ваков потег
сигурно ќе донесе голем хаос и драстично ќе ги намали шансите на Шпанија да
биде шампион. „Фуријата“ во Русија пристигна како еден од фаворитите.