72
Напаѓачот на
Коњаспор, Адис Јаховиќ се сретна со неговиот сонародник, Елиф Елмас од
Фенербахче, а обајцата фудбалери имаа средба во нашиот главен град.
Искусниот
бомбардер објави слика од дружбата со Елмас, а на истата имаше интересна
најава, истата гласеше „Идната голема ѕвезда на Македонија“.
Ќе издвоиме дека
изминатиов период Елмас се поврзува со трансфер во старо-новиот турски
Суперлигаш, Анкарагучу, а тамошните медиуми пренесоа дека првата понуда до
Фенербахче за Македонецот е позајмица на една година.