Саутгејт соопшти лоша вест за Англичаните

by
1 минути читање

Селекторот на
Англија, Герет Саутгејт соопшти разочарувачка вест за фановите на таа селекција
во пресрет на Светското првенство во Русија.

Според
информациите кои тој ги потврди, пред заминувањето на тој национален тим за
Русија, со повреда на финалната тренинг сесија се здобил Маркус
Рашфорд, еден од клучните играчи на Гордиот Албион.

Офанзивецот од
Манчестер јунајтед засега е единствената грижа за Саутгејт, но, тој ќе
присуствува на утрешниот прв тренинг на Англија, засега не е познато дали ќе
биде во комбинација за првиот меч на турнирот во понеделник, но очекувањата се
дека неговата повреда не е толку сериозна.


Селекцијата на
Гордиот Албион е во рамки на групата „Г“ заедно со Белгија, Панама и Тунис, а
отвора со Тунис на 18 јуни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани