Уругвајците се
најголеми потрошувачи на Мате чајот, исклучок од ова не се ниту фудбалерите, па
популарните „Ла Селесте“ се погрижија дека ќе можат да уживаат во омилениот
напиток и на мундијалот. Како што пренесуваат локалните медиуми, делегацијата на Уругвај со себе понела
180 кг Мате чај во Русија.
Мате чајот, исто
како и кафето, го стимулира централниот нервен систем, обезбедува витамини и
хранлива материја, го освежува организмот и го намалува заморот и напнатоста на
мускулите.
Уругвајците исто
така на мундијалот отпатувале и со 100 кг други намирници, како дулсе де лече,
сладок компир и дуњи. За да однесат 30 кг дулсе де лече во Нижни Новгород им
требала дозвола и специјален сертификат, па на помош биле повикани и владините
служби кои за кратко време ги обезбедиле потребните документи.