Египет во петок против Уругвај го игра првиот натпревар на Светското првенство, а нивната ѕвезда Салах се уште е неизвесен за тој меч.
„Ја следиме ситуацијата од ден во ден“, изјави директорот на египетската репрезентација, Ехаб Лехита.
„Го следиме случајот уште од кога се случи повредата во финалето од Лигата на шампионите. Мохамед тренираше во Каиро, тренираше вчера и тренираше денес. Ја следиме ситуацијата заедно со докторот“.
„Има дневни третмани на рамото. Тренира и внатре во теретана. Станува се подобар и подобар. Но не можам да потврдам сега дали ќе игра на првиот меч. Се што можам да кажам е дека се надевам дека ќе игра на тој меч“.
Ако не биде подготвен за дуелот со Уругвај на 15. јауни, следниот натпревар на Египет е против домаќинот Русија на 19. јуни, во последниот меч од групата играат со Египет.