Србите очекуваат и Русите да навиваат за нив на Светско

by
1 минути читање

Србија повторно е на големите натпреварувања и тоа создава еуфорија кај нашиот северен сосед.

„Има еуфорија, гледате колку луѓе не испратија. Зборувам многу со луѓе од Смедерево и Белград, гледам деа има голема еуфорија и тоа е нормално бидејќи фудбалската репрезентација по долго време се врати на едно големо натпреварување“, вели Митровиќ кој постигна хет-трик на пријателскиот меч против Боливија.

Тој очекува и Русите да навиваат за нив на Светското првенство.

„На Светското првенство очекувам поддршка од Русите и од нашите“.

Србија Мундијалот го почнува против Костарика во недела на 17. јуни од 14 часот. Во нивната група се уште и Бразил и Швајцарија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани