103
Салах се повреди во финалето на Лигата на шампионите по еден дуел со Серхио Рамос. Многумина сметаа дека Шпанецот намерно го повредил играчот на Ливерпул.
Салах најверојатно ќе биде подготвен за натпреварите на Светското првенство, а еден од нив ќе биде против домаќинот Русија.
„Дали сум загрижен за натпреварот против Салах? Не. Серхио Рамос ни покажа начин како да го сопреме“, изјави рускиот дефанзивец Илија Кутепов.
„Нема да кажам дека сум бил тажен кога го видов Салах повреден во финалето, но му посакувам брза рехабилитација. Би бил среќен ако игра он на Светското првенство. Кога играш против таков генијалец, созреваш и ти“.