Стигнаа првите официјални информации за повредата на Озил

by
1 минути читање

Но, навивачите можат да здивнат, од Германската фудбалска федерација велат дека Озил тренира и ќе биде подготвен за предизвикот.

„Не е ништо драматично, едноставно не сакаме да ризикуваме, тој можеше да трча нормално на тренингот. Сметаме дека ќе биде подготвен за Светското првенство“, изјави тимскиот директор на Германија, Оливер Бироф.

Озил преку својот твитер профил потврди дека не тренирал како и останатите играчи, но правел некои вежби со трчање.

Месут Озил заработи повреда на коленото на пријателскиот натпревар меѓу Германија и Австрија и нема да биде дел од последниот пријателски дуел против Саудиска Арабија кој се игра утре.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани