Дали знаете кој клуб има најмногу фудбалери учесници на Мундијалот?

by
1 минути читање

Големите
фудбалски фанови ги бројат последните денови пред стартот на Светското
првенство во Русија, а Здружението на европските клубови (ЕКА) изнесе едно
интересно истражување за големиот фудбалски турнир.

Сите селектори на
32 репрезентации учесници на Мундијалот определија листи по 23 фудбалери кои ќе
ги имаат во предвид, а ЕКА во својата анализа пренесува дека најмногу фудбалери
има од клубовите под капата на УЕФА, 544 од вкупно 736, што е цели 74%.

Најмногу доаѓаат
од англиски клубови (130 фудбалери од 34 клуба), потоа следи Шпанија (81
фудбалер од 21 клуб), а водечката тројка ја заокружува Германија (68 фудбалери
од 22 клуба).

Во однос на
клубовите, најмногу фудбалери учесници доаѓаат од Манчестер Сити, шампионот на
Англија кој брои 16 играчи на Мундијалот, потоа Реал (15), па Барселона (14).
Следат Челси, ПСЖ и Тотенхем со по 12, а Баерн 
Минхен, Манчестер јунајтед и Јувентус имаат по 11.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани