195
Озил тој меч порано го напушти поради повредата. Од тогаш тренира одвоено од останатите репрезентативци, а го пропушти и медиа денот во вторникот.
Озил страда и од болки во грбот поради кој пропушти четири натпревари за Арсенал во мај.
Се очекува Озил да го пропушти последниот пријателски натпревар на Германија пред Светското првенство, тој против Саудиска Арабија во Леверкузен во петок.
Германските медиуми пишуваат дека фудбалерот се бори да биде фит за почетокот на Мундијалот, но неизвесно е дали ќе биде фит до 17. јуни кога Германија игра со Мексико.