УЕФА ги зголеми премиите, македонските клубови ги чека добра заработка при евентуален успех

by
2 минути читање

Македонскиот
првак Шкендија наскоро ќе ги започне квалификациите за пласман во групите од
Лигата на шампионите, на стартот од сезоната во која Европската куќа на
фудбалот подготви досега највисоки премии за тоа натпреварување.

УЕФА соопшти дека
во наредната натпреварувачка сезона ќе бидат поделени дури 2,04 милијарди евра,
а за клубовите од Лига Европа ќе бидат доделени 510 милиони евра.

Ако минатата
сезона секој учесник во групите од Лигата на шампиони доби по 12.7 милиони
евра, оваа сезона премијата ќе биде 15.25 милиони евра.

Во групната фаза
од тоа натпреварување победата ќе биде наградувана со по 2,7 милиони евра, а
ремито со по 900.000 евра.

Што се однесува
пак до квалификациите, секој клуб ќе добие по 260.000 евра, секој шампион кој
нема да обезбеди место во групите ќе ја добие таа сума.

Шкендија би
можела добро да заработи во квалификациите за Лигата на шампионите, првата
рунда и носи 230.000 евра, втората 280.000 евра, а третата 480.000 евра.

Во квалификациите
за групите од Лига Европа наши претставници ќе бидат Вардар, Работнички и
Шкупи, а тие ќе поделат по 220.000 евра со самото учество во прелиминарното
коло.

Првото коло носи
240.000 евра, второто 260.000, третото 280.000, а пласман во плејофот носи
300.000 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани