Аргентина во проблеми пред Мундијалот

by
1 минути читање

Селекцијата на
Аргентина се најде во проблеми на само десет дена пред првиот меч на Светското
првенство во Русија.

Иако беше
планирано да одиграат контролен меч против Израел на гости во сабота, истата
контролка е одложена.

Некои информации
велат дека одложувањето дошло поради страв за безбедноста на аргентинските фудбалери.

Ова е секако
голем проблем за селекцијата на Сампаоли која одигра само еден контролен меч во
подготовките, и тоа против Хаити каде славеше со 4-0. Според информациите,
Сампаоли итно бара да се пронајде уште еден ривал пред почетокот на Мундијалот,
а тој меч би бил одигран во Барселона.

Гаучосите се во
рамките на групата „Д“, во друштво на Исланд, Хрватска и Нигерија, отвораат со
Исланд на 16 јуни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани