Сане беше еден од клучните играчи на Манчестер Сити за титулата во Премиерлигата, беше прогласен и за најдобар млад играч во англиското првенство.
Постигна 10 гола, имаше 15 асистенции и можеби беше и најдобриот германски играч за изминатата сезона, па шокантна е одлуката на Јоаким Лев да не го земе Сане во Русија.
Младиот фудбалер на својот твитер профил го изрази своето разочарување, но вети дека ќе се врати посилен.
„Ви благодарам на сите за пораките со поддршка од вчера и денес. Јасно е дека сум разочаран, нема да играм на Светското првенство но треба да ја прифатам таа одлука и ќе дадам се од себе да се вратам посилен! Ништо друго туку само најдоброто за успех на Германија во Русија. Одете земете ја титулата!“, напиша Сане.