Прилепска Победа
славеше со 2-1 во дуелот против Борец кој се одигра во Струмица, во рамките на
бараж фазата за опстанок, односно пласман во Првата лига на Македонија.
Резултатот по првото полувреме беше 2-0 во корист на Прилепчани.
Ивановиќ уште во
8. минута донесе водство за Победа, а истото се дуплираше со голот на Велкоски
во 29. минута.
Кудијан намали на
2-1 во 56. минута но тоа беше се’ што стори Борец на резултатски план на овој меч, со тоа што и идната сезона
велешкиот тим ќе настапува во Втората лига, а Победа го задржа прволигашкиот
статус.
Ќе издвоиме и
дека мечот мина низ доста тензична атмосфера, особено во самиот финиш каде во продолжението
по истекот на регуларните 90 минути игра двајца фудбалери од обата тима
заработија исклучување, а имаше исклучување дури и по последниот судиски свиреж каде настана мала мешаница на средината од теренот.