Чешмеџиев го засили македонскиот првак: Му благодарам на клубот за довербата, чест е да се биде дел од Шкендија

by
1 минути читање

Константин
Чешмеџиев и официјално го засили македонскиот првак Шкендија која сезонава
доминираше во нашиот најсилен фудбалски шампионат, а воедно го подигна и
пехарот во Купот.

По Ремзифаик Селмани, Чешмеџиев е второто засилување за тетовските
црвено-црни во летниот преоден рок, а тој не ги криеше импресиите откако позираше во дресот на тетовскиот прволигаш.

Голема е честа
да се биде дел од Шкендија, шампионот на Македонија во првенството и Купот. Му
се заблагодарувам на клубот за оваа доверба која ми ја укажа. Да се потпише за
еден од најдобрите клубови во нашата држава, чувството е прекрасно
“ беше првата
изјава на Чешмеџиев по промоцијата.

Чешмеџиев
потекнува од младинските погони на Работнички, беше дел од Пелистер, Љубанци,
Македонија Ѓорче Петров, како и Академија Пандев, од каде премина во редовите
на Шкендија.

https://www.youtube.com/watch?v=xfXAAgQurbc

 

Извор/Фото-вест:
kfshkendija.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани