Фернандињо: Нејмар е подготвен, таков делува на тренинзите

by
1 минути читање

Нејмар се здоби со
потешка повреда во февруари годинава, па јасно беше дека му претстои подолг
период на рехабилитација а под знак прашалник беше и неговиот настап на  Светското првенство во Русија, но,
рехабилитацијата помина одлично, па се ближи моментот кога во целост ќе биде
фит.

Фернандињо,
соиграчот на Нејмар од селекцијата на Бразил издвои дека првата ѕвезда на
Кариоките делува подготвен.

Повредата со
која се здоби Нејмар е тешка. Можам тоа да го кажам бидејќи и јас минав низ
нешто слично. Комплициран е процесот на рехабилитација. Меѓутоа, кога ќе го
видите на тренинг, тој делува подготвено, барем според начинот на кој го одработува тренажниот процес. Добро му оди, му се враќа
самодовербата, тоа е премногу важно, не се плаши да проба се
што ќе посака“ истакна Фернандињо.

Бразил во
групната фаза на  Мундијалот во во
конкуренцијата „Е“ заедно со Шшвајцарија, Србија и Костарика, а првиот меч го
игра на 17 јуни против Швајцарија. Пред Мундијалот, освен Хрватска, ќе одигра и
контролка со Австрија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани