Гереро беше позитивен на кокаин за време на квалификацискиот натпревар за СП првенство против Аргентина, меч кој се одигра во октомври. Првичната санкција беше 12 месеци суспензија.
Подоцна оваа казна беше редуцирана на шест месеци откако судот ја прифати жалбата на Гереро дека супстанцата случајно ја конзумирал преку чај без да знае.
Но, неговата судбина доживеа нов пресврт, Светската анти допинг асоцијација (ВАДА) преку Судот за спортска арбитража му ја зголеми казната на 14 месеци.
Приказната за Гереро сепак доживеа среќен крај, Врховниот суд во Швајцарија ја замрзна казната на Гереро што значи дека тој е слободен да игра во Русија следниот месец.
Судот смета дека на 34 година Гереро не треба да ја пропушти можноста за прв пат во својата кариера да игра на Светско првенство.
Ниту ФИФА, ниту ВАДА не поднесоа жалба на оваа одлука, што значи дека Гереро и дефинитивно ќе ја предводи својата селекција на теренот.
Перу е на Светско првенство за прв пат по 1982 година. Тие се во група со Франција, Данска и Австралија.