Германија е
бранител на трофејот на Светското првенство кое идниот месец се одржува во
Русија, но, не баш пријатни вести пристигнуваат од таа селекција за време на
финалните подготовки.
Репортерите
уловија тензична атмосфера за време на тренингот, каде се судрија Антонио
Рудигер и Џошуа Кимих, а фудбалерот на Челси не бил вниматален при еден старт
врз Кимих, по што фудбалерот на Баерн Минхен се налутил, а ситуацијата на
крајот ја смирувал Мирослав Клосе, помошникот на селекторот Јоаким Лев.
data-lang="en">Altercation between Joshua Kimmich ana Antonio Rüdiger
following a strong challenge in Germany training today. Miro Klose had to separate
them [Bild] pic.twitter.com/c2fMJZ6EKC—
Bayern & Germany (@iMiaSanMia) May
29, 2018
Германија првиот
дуел на Мундијалот го игра против Мексико на 17 јуни, а освен тој противник, во
конкуренцијата „Ф“ ги има уште и Јужна Кореја, како и Шведска.