Салах во трка со времето, ќе биде подготвен за дуелот со Уругвај?

by
2 минути читање

Мохамед Салах
игра во животна форма, но, во еден исклучително важен момент за неговата
кариера, пред историскиот настап на Египет на Светското првенство во Русија
идниот месец, тој се здоби со повреда на рамото за време на финалниот меч од
Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Лекарите увидоа
потешка повреда од предвиденото, а истото го истакна и Јирген Клоп по мечот, по
што се очекуваше долга пауза за офанзивецот, кој веќе ја започна својата
терапија во Шпанија, но, физиотерапевтот од Ливерпул, Рубен Понс смета дека
неговата рехабилитација ќе трае помеѓу три и четири седмици.

Мо е во целост
фокусиран на враќањето на терените, неговата рехабилитација ќе трае од три до
четири недели, ние ќе дадеме се
од себе за да го скратиме тој период, знаеме колку тој е важен за неговата
репрезентација на Мундијалот
“ рече Понс.

Одредени медиуми
од Египет пак најавуваат дека Салах дефинитивно ќе биде подготвен за првата
пресметка на Мундијалот против Уругвај која е предвидена да се одигра на 15
јуни.

Освен Уругвај,
противници на Египет во конкуренцијата „А“ се уште и домаќинот на големиот
турнир, Русија, како и Саудиска Арабија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани