Фудбалерот на
Ливерпул вчера по половина час игра со солзи во очите го напушти теренот на
Олимпискиот стадион во Киев откако лошо падна по еден дуел со Серхио Рамос.
Египјанецот го
повреди рамото, па под знак прашалник беше ставен неговиот настап на Светското
првенство.
Откако вчера беа извршени серија тестови, денеска Мохамед Салах направил нови
снимки и според неколку извори, играчот го чека пауза од три недели. Па тој ќе
настапи на мундијалот и останува само да се види дали ќе биде фит за првиот меч
на Египет против Уругвај на 15. јуни.
Самиот играч вечерва исто
така се огласи на социјалните мрежи и изрази надеж дека ќе патува за Русија.
„Ова беше многу
тешка вечер, но јас сум борец. И покрај тоа што шансите не се на моја страна,
убеден сум дека ќе бидам во Русија и сите ќе ве направам горди. Вашата љубов и
поддршка ми ја даваат потребната сила” – гласеше неговиот пост.
It was a very tough night, but I’m a fighter. Despite the odds, I’m confident that I’ll be in Russia to make you all proud. Your love and support will give me the strength I need. pic.twitter.com/HTfKF4S70e
— Mohamed Salah (@MoSalah) May 27, 2018