237
Адриен Рабио беше
вметнат како потенцијална замена во списокот на селекцијата на Франција
составен од 23 фудбалери за Светското првенство кое идниот месец се одржува во
Русија.
Сепак, фудбалерот
на ПСЖ го одби повикот од селекторот Дидје Дешам за да се најде во списокот на
11 фудбалери кои ќе бидат потенцијални замени во случај на повреда на првите
опции во тимот.
Дешам претходно
својата одлука да го изостави Рабио од првобитниот состав беше дека тој нема
потребно ниво на игра за да настапува за Триколорите.
23 годишниот фудбалер од средниот ред има само шест настапи за сениорскиот состав на Франција, претходно ги помина сите помлади категории за таа селекција.