201
Златко Далиќ
објави список составен од 24 фудбалери за селекцијата на Хрватска која влегува
со големи амбиции на Мундијалот, за конечниот список кој ќе биде објавен во
периодот кој претстои ќе отпадне еден фудбалер, а веќе еден беше „пречкртан“.
Марко Рог од
Наполи не го преживеа кратењето на поширокиот список, па фудбалерот на Наполи
нема да биде во комбинација за настап на големиот фудбалски настан, очекувањата
се од овој список да отпаднат Дује Чалета-Цар или Филип Брдариќ, но, доколку
Ведран Чорлука не се рехабилитира навремено од повредата, и двајцата ќе бидат
во комбинација.
