Селекторот на
Аргентина попладнево се појави на прес конференција и го објави конечниот
список зa мундијалот во Русија, кој уште пред неколку часа се појави во медиумите. Хорхе Самаполи шкртна 12 имиња од поширокиот
список помеѓу кои и Мауро Икарди од Интер.
„Гаучосите“ на СП
2018 патуваат без голман од светска класа и со тенка одбрана, па товарот ќе треба
да го понесе одличниот напад предводен од Лео Меси.
Ромеро не е прв избор во Манчестер јунајтед, ниту пак Кабаљеро кој е резерва на Куртоа во Челси. Арамни е единствнеиот кој има првотимски статус, но тој брани за Ривер Плата. За тоа каква е ситуацијата кога се во прашање голманите, ниту самиот Самполи не знае кој ќе биде прв голман во Русија и најави дека ќе одлучи кога ќе дојде времето.
Што се однесува до одбраната, само Николас Отаменди од Манчестер Сити е звучно име, но и тој имаше неколку киксови оваа сезона.
Конечниот список
на Аргентина за мундијалот во Русија:
Голмани: Ромеро,
Кабаљеро, Армани
Одбрана: Меркадо,
Ансалди, Отаменди, Фазио, Рохо, Таљафико, Акуња
Среден ред:
Маскерано, Салвио, Биља, Ло Селсо, Евер Банега, Ланцини, Меза, Ди Марија, Павон
Напад: Меси,
Дибала, Игуаин, Агуеро