Нејмар се
рехабилитира од повредата со која се здоби, тој веќе почна да тренира со топка,
па, иако постоеа стравувања во селекцијата на Бразил дека тој ќе го пропушти
Светското првенство во Русија, се чини дека ситуацијата се подобрува, а
фудбалерот на ПСЖ уверува дека истото натпреварување ќе мине во негов знак.
„Мундијалот е
најголемото натпреварување на светот, сакам да играм таму и да бидам шампион.
Светското првенство мора да биде мое. Најголемата желба ми е да бидам на
теренот“ рече тој.
„Почнав да
тренирам со топка, се чувствувам добро. Секако дека постои страв, но, одиме
чекор по чекор“ додаде првата ѕвезда на Кариоките.
Еден од главните
фаворити за освојување на светската титула, во рамките на групната фаза е дел
од конкуренцијата каде се сместени и Србија, Швајцарија и Костарика.