Шампионот од 1966
ги откри адутите со кои ќе атакува на ново злато. Герет Саутгејт се реши уште
сега да го објави конечниот список, на кој нема место за неколку големи имиња како
Џо Харт, Џек Вилшер и Адам Лалана.
Во составот се
најдоа и играч кои никогаш претходно не го облекол дресот на сениорската
репрезентација на Англија. Се работи за 19 годишниот Трент Александер Арнолд,
кој имаше фантастична сезона во дресот на Ливерпул, и 26 годишниот чувар на мрежата на Барнли, Ник Поуп.
Повик доби и
ветеранот Ешли Јанг, кој цела сезона кај Мурињо играше принудно како лев бек, а
во составот се најде и Фабиан Делф, кој исто така принудно цела сезона
покриваше како лев бек во Манчестер Сити.
Конечниот состав
на Англија:
Голмани: Батланд,
Пикфорд, Поуп
Одбрана: Т.
Александер Арнолд, Кејхил, Џонс, Мегвајр, Стоунс, Трипиер, Вокер, Роуз
Среден ред. Али, Делф, Даер, Хендерсон, Лингард, Лофтус Чик, Јанг
Напад: Стерлинг, Кејн,
Рашфорд, Варди, Велбек