Соиграч на Ристовски не сака да игра на Светското првенство

by
1 минути читање

Фабио Коентрао,
членот на Спортинг Лисабон и соиграч на нашиот Стефан Ристовски, соопшти дека
не се чувствува доволно подготвен за да настапи во дресот на селекцијата на
Португалија на претстојното Светско првенство во Русија.

Минатата недела,
по долго размислување, му соопштив на селекторот дека поради исцрпувачката
сезона не се чувствувам подготвен да ја претставам мојата селекција на
Светското првенство
“ напиша Коентрао на социјалните мрежи.

Никогаш нема да
и свртам грб на мојата земја, се надевам дека ќе бидам подготвен да бидам дел
од репрезентацијата доста често во иднина, дотогаш, ќе бидам само верен навивач

додаде тој и им посака среќа на неговите сонародници.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани