Хорхе Самаполи конечно ги откри адутите за СП 2018, откако изминатиов период имаше голем број на шпекулации, особено за Маурo Икарди и Пауло Дибала. Првиот наводно нема да патува за Русија поради тоа што е во лош однос со Лео Меси, а за вториот пак нема да има место поради тоа што не се вклопува во замислите и не може да игра во ист тим со Лео Меси.
Сепак, и Икарди и Дибала се најдоа на поширокиот список од 35 играчи кои попладнево беше објавен. Останува да се види дали тие ќе го преживеат вториот рез. Селекторот на Аргентина кон крајот на оваа или почетокот на следната недела би можел да го објави конечниот состав од 23. фудбалери.
Поширокиот состав на Аргентина за СП 2018:
Голмани: Ромеро, Кабаљеро, Армани, Гузман
Одбрана: Меркадо, Салвио, Маскерано, Отаменди, Пецела, Фазио, Фунес Мори, Таљафико, Акуња, Ансалди, Рохо
Среден ред: Биља, Банега, Ланцини, Ло Селсо, Ди Марија, Паредес, Е. Перез, Меза, П. Перез, Сентурион, Пизаро, Батаља, Павон
Напад: Меси, Агуеро, Игуаин, Пероти, Дибала, Мартинез, Икарди