Лил го приреди изненадувањето на вечерта, реми на ПСЖ и Рома, Јунајтед не победи во Португалија (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Возбудлива фудбалска вечер во Лигата на шампионите донесе неколку интересни пресметки, голови и изненадувања. Дербито во Париз меѓу актуелниот европски шампион ПСЖ и Рома заврши без победник (2-2), додека најголемото изненадување го приреди Лил, кој го совлада Баерн Минхен со 2-1.

Парижаните имаа свои моменти и делуваа поконкретно во одредени делови од натпреварот, но Рома покажа карактер и успеа да освои бод на тешкото гостување. Римјаните поведоа уште во петтата минута со голот на Хермосо, а ПСЖ се врати во игра во 30. минута преку Забрњи за 1-1, резултат со кој се замина на паузата. Во продолжението следуваше нова драма. Дембеле во 62. минута беше прецизен од белата точка и му донесе предност на домашниот тим, но Рома не се предаде. Мален исто така реализираше пенал, со што го постави конечниот резултат 2-2.

Вистински шок доживеа Баерн Минхен на гостувањето кај Лил. Германскиот гигант поведе во 15. минута преку Упамекано, кој ја искористи асистенцијата на Бишоф по корнер, па на полувремето имаше предност од 1-0.

Сепак, францускиот тим не се откажа и во второто полувреме направи целосен пресврт. Уеда во 62. минута донесе израмнување, а само три минути подоцна Павловиќ си постигна автогол за голема радост на домашните навивачи и конечни 2-1 за Лил.

Без посакуваната победа остана и Манчестер јунајтед, кој на гостувањето во Португалија одигра 2-2 против Спортинг. Натпреварот го одбележаа дури три пенали, од кои два беа досудени во корист на домашниот состав во првото полувреме. Суарез реализираше една од двете најстроги казни. „Црвените ѓаволи“ направија пресврт на почетокот од вториот дел. Бруно Фернандеш најпрво погоди од пенал во 48. минута, а две минути подоцна повторно се запиша во листата на стрелците за водство од 2-1. Сепак, Суарез во финишот постигна уште еден гол и му донесе бод на Спортинг.

На другите натпревари, Интер славеше против Штутгарт со 2-0, Атлетико Мадрид со идентичен резултат го совлада Викинг, додека Ливерпул убедливо триумфираше на гостувањето кај Клуб Бриж со 3-0. Фенербахче, пак, се радуваше на минимална победа од 1-0 против Шахтјор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×