Шкендија и Силекс одиграа без победник

by riste
1 минути читање

Шкендија не успеа да ја оправда улогата на фаворит, одигра само 1-1 и загуби два бода во битката за шампионската титула.

Тетовскиот тим подобро го почна натпреварот, Криезиу ја погоди стативата од идеална позиција.

Но, брзо потоа Тамба постигна гол за водство на Шкендија во 18. минута од натпреварот.

По примениот гол Шкендија тргна по изедначување, тоа го направи по осум минути игра во второто полувреме кога Манојлов постигна гол за 1-1.

Во продолжението мечот беше изедначен, а Шкендија може да жали за резултатот бидејќи во 93. минута ја погодија стативата од голот на Џеков.

По 14 одиграни кола Струга е прва со 32 бода, четири повеќе од Шкендија, пет повеќе од Тиквеш и дури осум од Вардар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×