Наташа Андонова е првата Македонка со 50 настапи во Лигата на шампионите (ФОТО)

by riste
0 минути читање

Капитенката на македонската женска фудбалска репрезентација, Наташа Андонова имаше јубилеј, стана првата Македонка со одиграни 50 натпревари во Лигата на шампионите.

Јубилејот на Анонова го истакнаа и од официјалните профили на женската Лига на шампиони.

Интересно, 50. натпревар македонската фудбалерка го одигра против својот поранешен клуб, Барселона која славеше со 6-0.

Покрај Барселона и Сервете, Андонова која кариерата ја почна во Тиквешанка го носеше дресот уште на Леванте, ПСЖ, Ал-Шабаб, Розенгерд…

Можно е и ова да ти се допаѓа

×