Башкими ги освои бодовите против Шкендија Арачиново во Чаир!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Башкими приредија изненадување на стартот од 14. коло во првенството, откако славеа минимална победа од 1-0 на гостувањето кај Шкендија Арачиново во Чаир.

Во натпревар со малку вистински возбудувања, клучниот момент се случи во 64. минута. Мурати ја затресе мрежата на Столевски и му донесе предност на гостинскиот тим, која до крајот се покажа како недостижна за домаќините.

За Башкими ова е продолжение на позитивната серија предизвикувачки натпревари, откако пред репрезентативната пауза кумановци го совладаа Арсими и одиграа нерешено со Брегалница. Новите три бода се од особено значење во борбата за опстанок.

Башкими сега има 14 бода и се наоѓа на осмата позиција, со ист број бодови како и Брегалница, која е прва над зоната за испаѓање. Штипјани во ова коло ги очекува тежок дуел против лидерот Струга. Од друга страна, Шкендија Арачиново останува на 18 освоени бодови, но може да ја загуби својата позиција доколку Силекс оствари позитивен резултат против тетовска Шкендија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×