23
Барселона успеа да го задржи еден од своите најважни фудбалери, откако постигна договор со Рафиња за продолжување на соработката до 30 јуни 2030 година.
Бразилецот пристигна на „Камп Ноу“ во летото 2022 година и досега одигра 190 натпревари во дресот на каталонскиот гигант, на кои постигна 94 гола. Во тој период освои три шампионски титули во Ла Лига, еден Куп на Шпанија и три Суперкупа на Шпанија.
Рафиња одлично ја започна и актуелната сезона во во која веќе има 19 погодоци, 15 во првенството и четири во Лигата на шампионите. Со тоа моментално е најдобар стрелец во Ла Лига.
Така нема дилеми дека ова е вест која сигурно многу ги радува навивачите.