Голем пресврт во планот со одржувањето на Африканскиот куп на Нации!

by Стефан
1 минути читање

Африканскиот Куп на нации и во иднина ќе се игра на секои две години, иако претходно постоеше план ова натпреварување да се организира еднаш на четири години.

Одлуката ја донесе Извршниот комитет на Африканската фудбалска конфедерација (КАФ), и тоа едногласно, со што стави крај на најавите за промена на досегашниот систем на одржување.

Следното издание на натпреварувањето ќе се одржи во Кенија, Танзанија и Уганда, кои ќе бидат заеднички домаќини.

За организацијата на турнирот во 2028 година веќе има неколку заинтересирани кандидати. Меѓу нив се Етиопија и Мароко, како и заедничката кандидатура на Намибија, Јужна Африка, Зимбабве и Боцвана.

„Извршниот комитет на Африканската фудбалска конфедерација донесе едногласна одлука Африканскиот Куп на нации да продолжи да се одржува на секои две години“, се наведува во официјалното соопштение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×