Фудбалската федерација на Македонија ги објави деталите за продажбата на билетите за натпреварот меѓу Македонија и Словенија, кој ќе се одигра на 16 ноември (понеделник) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Продажбата на влезниците ќе започне на 2 ноември (понеделник), а цената на билетот ќе изнесува 500 денари. Натпреварот е од 5. коло во групата Б од Лигата на нации, а македонската репрезентација ќе ја има поддршката од домашната публика во обидот да стигне до нов позитивен резултат.
Од ФФМ информираат дека билетите ќе се продаваат исклучиво преку официјалната платформа за електронска продажба на билети.
Навивачите своите влезници ќе можат да ги обезбедат на следниот линк: eticket.ffm.mk.