Навивачот кој го удри Камвинга може да плати 60.000 евра!

by Стефан
1 минути читање

Каталонската полиција го идентификувала и пријавила навивачот на Барселона кој за време на неделното Ел Класико го удри Едуардо Камавинга со знаме. За инцидентот му се заканува парична казна од 3.000 до 60.000 евра, како и забрана за влез на стадионите.

Како што соопшти Ла Лига, навивачот бил откриен со помош на полициските служби и обезбедувањето на Барселона, кои ги прегледале снимките од надзорните камери на „Камп Ноу“. Станува збор за член на клубот, кој припаѓа на навивачката група од трибината „Града 1957“.

Инцидентот се случи во 87. минута од Ел Класико, во кое Реал Мадрид славеше со 2:1. Фудбалерите на гостинскиот тим го прославуваа вториот гол покрај оградата, а тогаш еден од навивачите го удрил Камавинга со јарболот од знамето. Францускиот фудбалер бил најблиску до трибината.

За ваков прекршок е предвидена парична казна од 3.000 до 60.000 евра. Доколку инцидентот беше оценет како особено тежок прекршок, казната ќе се движеше од 60.001 до 650.000 евра. Покрај паричната казна, предложена е и забрана за влез на спортски објекти во период од шест месеци до две години.

Барселона веќе му изрече привремена забрана за влез на стадионот, а случајот е проследен и до дисциплинската комисија на клубот. Ла Лига претходно го пријави инцидентот и до Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×