Барса, Арсенал, ПСЖ, Ливерпул…сите го сакале Нико Вилијамс: Неговиот агент откри зошто не заминал

by Стефан
1 минути читање

Агентот на крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, Феликс Таинта, откри зошто ова лето не се реализирал трансферот во Барселона. Таинта гостуваше во подкастот „Los Fulanos“, а неговите изјави ги пренесе „Марка“.

Таинта вели дека интересот на Барселона започнал во летото 2024 година, по Европското првенство, но каталонскиот гигант не бил единствениот заинтересиран клуб.

„Барса, Арсенал, Баерн, Ливерпул, ПСЖ… Можев да ги набројувам сите. Сите го сакаа Нико“, изјави тој.

Како клучна причина за пропаѓањето на трансферот, агентот го посочи отсуството на гаранции.

„Одлучивме дека, доколку нема гаранции дека ќе може да игра, не можеме да ризикуваме“, изјави Таинта, а „Мундо Депортиво“ пишува дека станувало збор за сигурноста дека Вилијамс ќе може да биде регистриран за настап.

Агентот призна и дека фудбалерот размислувал за заминување од Атлетик Билбао.

„Нико имаше идеја дека може да замине. Тој е амбициозен“, откри Таинта.

Сепак, Вилијамс на крајот одлучи да остане во Атлетик Билбао, со кој го продолжи договорот до 2035 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×