Манчестер јунајтед има листа со тројца кандидати за наследник на Мајкл Керик

by bojan
1 минути читање

„Ѓаволите“ прават планови во случај да продолжи лошата низа на резултати, клубот од „Олд Трафорд“ има листа со тројца кандидат за наследник на Мајкл Керик.

Мајкл Керик е под голем притисок откако Манчестер јунајтед го забележа најлошиот старт во последните 40 години, со само шест освоени бодови од воведните шест натпревари во Премиерлигата.

Потоа следуваше и пораз од Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони, па „ѓаволите“ полека кројат планови во случај да продолжи лошата низа на резултати.

Последните информации велат дека „ѓаволите“ имаат листа со тројца кандидати за наследник на Мајкл Керик.

Фабијан Хирцелер, Јулијан Нагелсман и Антонио Конте се посочуваат како главните опции за нов тренер на „Олд Трафорд“

Одредени извори пренесуваат дека Фабијан Хирцелер е фаворит, и тој е прв пик на директорот Џејсон Вилкокс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×