Рома до 83. минута водеше со два разлика, на крајот Реал победи! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид со 4-3 славеше на гостувањето кај Рома иако губеше со два разлика во финишот од натпреварот, кралскиот клуб потсети на легендарните пресврти кои ги правеше во минатото во Лигата на шампионите.

Жозе Мурињо имаше убав дочек од навивачите на Рома, пред почетокот на мечот тие го поздравија тренерот кој им ја донесе историската европска титула. Но, кога беше означен стартот на натпреварот, секој си ја гледаше својата страна.

Рома тргна ултра офанзивно, се редеа шанси пред голот на Куртоа, резултатот беше отворен во 20. минута кога Де Рон постигна гол со удар од далечина за водство на домаќините од 1-0.

Пет минути подоцна Мбапе од својот прв шут го изедначи резултатот на 1-1. Тоа беше се во првото полувреме.

Рома имаше фантастичен старт и на вториот дел, Мален погоди во 51. и 57. минута за водство на Рома од 3-1.

Овој резултат беше актуелен се до 83. минута кога Еспи намали на 2-3 и се врати во живот.

Две минути подоцна Ендрик го изедначи резултатот на 3-3. А во 90. минута Ридигер погоди против својот поранешен клуб за победа на Реал Мадрид од 4-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×