Навивачи направија хаос во Ла Лига: Натпреварот меѓу Рајо и Атлетик Билбао не го дочека крајот (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Натпреварот меѓу Рајо Ваљекано и Атлетик Билбао од осмото коло во шпанската Ла Лига беше прекинат поради протестите на домашните навивачи, кои побараа заминување на претседателот на клубот, Раул Мартин Преса.

Инцидентите започнаа во 13. минута, кога навивачите почнаа да фрлаат хартиени авиони, пластични топчиња и други предмети на теренот. Судијата веднаш ја прекина играта, а фудбалерите мораа да се повлечат на крајот дуелот и не продолжи.

Причината за незадоволството е управувањето со клубот од страна на Преса, но и лошата состојба на стадионот „Ваљекас“, што веќе подолго време предизвикува револт кај приврзаниците на Рајо.

прекината, а протестот од трибините го засени фудбалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×