Милан договорил засилување за нападот, фудбалерот кажал ДА

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Милан зад сцената работи на ангажман на Ендрик и напаѓачот на Реал Мадрид веќе кажал ДА за преселба на Сан Сиро во зимскиот преоден рок.

„Росонерите“ минатото лето опипаа терен за ангажман на Ендрик, но тогаш Жозе Мурињо не даде зелено светло за негово заминување, и го предизвика фудбалерот да се бори за место во тимот на Реал Мадрид.

Но Бразилецот одигра само четири минути, па не е задоволен од ситуацијата и не сака цела сезона да ја помине на клупа и веќе ги разгледува понудите.

Како што пренесува Газета дело Спорт“, негов прв избор е Милан, зад сцената веќе се работи на позајмица во јануари и Бразилецот кажал ДА.

Но до зимскиот преоден рок многу работи можат да се променат, Рома и Астон Вила исто така пројавуваат интерес за услугите на Ендрик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×