Реал Мадрид во хаос, Мурињо ја губи контролата врз соблекувалната?!

by bojan
1 минути читање

Жозе Мурињо летово се врати на клупата на Реал Мадрид, но наместо да ги смири страстите, наводно се соочува со сериозни проблеми во соблекувалната.

По репрезентативната пауза следува пеколен октомври за Реал Мадрид. Тимот го очекуваат два важни натпревари во Лигата на шампионите, а на 25 октомври следува и првото „Ел Класико“ против Барселона, кое може да има големо значење во борбата за титулата во Ла Лига.

Жозе Мурињо се врати со репутација на тренер кој знае како да ја разбуди и мотивира соблекувалната, но според информациите на „Кадена СЕР“, досега не успеал да ја промени атмосферата во тимот. Напротив, односите меѓу дел од фудбалерите и понатаму се заладени.

Новинарот Антон Меана во емисијата „Ел Ларгуероo“ откри дека атмосферата во соблекувалната е далеку од идеална, тензиите меѓу играчите и понатаму се присутни.

„И понатаму ја гледам соблекувалната исто толку ладна како пред пет месеци“ – вели Меана, додавајќи дека Мурињо не успеал да ги подобри односите во групата. Според неговите информации, двајца фудбалери дури и влегле во физички конфликт.

Дополнителен проблем претставува и Килијан Мбапе, кој е на силин удар на јавноста изминативе денови поради однесувањето надвор од терените. Французинот се врати во Мадрид по повредата и вчера го одработи првиот целосен тренинг.

Тој би можел да се најде во стартниот состав против Виљареал овој викенд, но проблем е тоа што на „Бернабеу“ владее мислење дека напаѓач „сè уште не разбрал како функционираат Реал Мадрид, што значи да се биде играч на овој клуб и какво однесување е потребно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×