Во Баерн Минхен се шокирале од платата која ја побарал Џеј Џеј Габриел

by bojan
1 минути читање

„Баварците“ тргнале по потписот на Џеј Џај Габриел, но останале шокирани од платата која ја побарал бисерот на Манчестер јунајтед.

Џеј Џеј Габриел ги стави на готовс гигантите ширум Европа откако побара раскин на регистрацијата со Манчестер јунајтед.

Младото момче, кое важи за најголемиот талент во школата на „ѓаволите“, во вторникот наполни 16 години, и благодарение на пасошот од ЕУ, има право да направи трансфер во европски гиганти.

Последните информации велат дека Баерн Минхен тргнал по потписот на Џеј Џеј Габриел, тренерот Винсан Комапни е голем фан на Англичанецот.

„Баварците“ се обиделе да го привлечат со проект во кој Џеј Џеј Габриел ќе има јасна можност за развој и добивање минутажа, но биле шокирани кога ги дознале финансиските услови, и барањата за милионска плата.

Барселона и Реал Мадрид и понатаму се посочуваат како фаворити, и очигледно немаат проблем да одвојат вакви суми за еден тинејџер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×