Артета стави потпис на нов договор со Арсенал и доби огромна плата

by bojan
1 минути читање

Микел Артета ја продолжи верноста кон „топчиите“, шпанскиот стратег стави потпис на нов четиригодишен договор, и во иднина ќе заработува околу 20 милиони фунти по сезона.

Она што се најавуваше подолг период, денеска и официјално е потврдено, Микел Артета доби нов договор и ја продолжи соработката кон Арсенал до јуни 2030 година.

„За мене е голема чест е да ја продолжам својата приказна во клубот и да продолжам да работам со прекрасни луѓе на кои најважно им е Арсенал да биде најдобар што може“ – вели Шпанецот.

„Овој клуб е навистина посебен, неговиот карактер, неговата атмосфера и чувството што ви го создава“.

„Заедно веќе изградивме посебна врска и создадовме спомени што ќе ги паметиме цел живот. А највозбудливо од сè е што верувам дека ова е само почетокот на она што можеме да го постигнеме заедно“

„Искрено сум благодарен на Стен и Џош (Кронки) за довербата и поддршката. За мене е огромна чест што го предводам овој клуб во еден толку посебен период од неговата 140 годишна историја“.

„Ова е момент на огромна гордост за мене и за моето семејство. Ја чувствувам љубовта и почитта што ни ја покажуваат нашите неверојатни навивачи“.

Се говори дека Микел Артета со новиот договор ќе има плата од околу 20 милиони фунти по сезона, односно околу 17 милиони фунти како фиксен дел, плус додатни 3 милиони фунти во бонуси.

Со вакви бројки, тој ќе биде најплатен во Премиерлигата, и еден од најплатените во Европа, заедно со Диего Симеоне од Атлетико Мадрид и Луис Енрике од ПСЖ.

ФОТО: X/Arsenal

Можно е и ова да ти се допаѓа

×