Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Жозе Мурињо минатото лето го блокирал трансферот на Тјаго Питрач, фудбалерот од средниот ред сега е фрустриран откако не добива шанса од „специјалниот“.
Тијаго Питрач беше еден од младинците на Реал Мадрид кои минатата сезона добија шанса од Алваро Арбелоа, и фудбалерот од средниот ред остави добар впечаток со своите настапи во првиот тим.
Изминатово лето тој беше трансфер цел на Фулам, заедно со Гонзало Гарсија и Сезар Паласиос, но како што објави АС, Жозе Мурињо ставил вето на оваа зделка.
„Специјалниот“ ја цени способноста на Тијаго Питрач да покрие неколку позиции, не сакал да се откаже од него, па го блокирал трансферот.
Но 19 годишниот Шпанец е фрустриран на почетокот оваа сезона, се уште нема настап за првиот тим, а има ограничена минутажа и во Кастиља тимот.