Проблем за Сити пред мечевите со Ливерпул и ПСЖ – Халанд се повреди!

by riste
0 минути читање

Ерлинг Халанд поради повреда предвреме го напушти вчерашниот натпревар меѓу Португалија и Норвешка, тоа ги загрижи навивачите на Манчестер Сити.

Халанд во 67. минута од натпреварот побара да биде изваден од игра поради повреда.

Норвежанецот оди во Манчестер на детални тестови по кои ќе се утврди тежината на повредата и колку долго ќе трае рехабилитацијата.

Ова е проблем за Манчестер Сити бидејќи пред нив се два дерби натпревари, на 11 октомври му гостуваат на Ливерпул во Премиер лигата, а три дена подоцна го пречекуваат ПСЖ во меч од Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×