Дефанзивецот во македонската репрезентација, Висар Муслиу, вели дека се потребни итни промени во играта и пристапот на сите фудбалери почнувајќи од него.
Муслиу вели дека мора во репрезентацијата да има посериозен пристап од страна на фудбалерите и под итно да се променат многу работи за да тргнат работите на подобро.
„Треба многу нешта да промениме. Најпрво ние играчите треба малку да го смениме односот, и уште со психолошката подготовка како влегуваме на самите натпревари. Репрезентацијата не е зае*анција, ова е највисоко ниво на европскиот фудбал… Треба да сме свесни дека играме во Лига Б каде има сериозни селекции, каде има сериозно квалитетни играчи. А, она што ние го даваме на терен на последните натпревари очигледно не е доволно, почнувајќи од мене па и кај сите други фудбалери. Јас секогаш почнувам и од мене. Под итно треба да промениме многу работи, затоа што не оди повеќе вака. И како тим да се анализираме, и како поединци да се анализираме за да дојдеме до подобри резултати, затоа што во репрезентацијата секогаш е важно каков е резултатот“, изјави Муслиу.