Eпски дебакл на Хрватска: Среде Ријека прими седум гола од Англија! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Хрватска вечерва го претрпе еден од најтешките порази во својата историја и тоа на домашен терен, Англија од стадионот во Ријека си замина со триумф од 7-0.

Катастрофата на Хрватска беше најавена по само шест минути игра кога Хари Кејн го отвори резултатот, а веќе во 21-та минута Џуд Белингем се погрижи за втор гол. Се играше 39-тата минута кога летното засилување на Барселона, Ентони Гордон ја погоди мрежата за веќе 3-0.

Мрежата на Хрватска се тресеше и четврти пат во првиот дел, стрелаше Сака. Англичаните немаа милост и во второто полувреме продолжија да ја полнат мрежата на домаќиините.  Кејн во 53-тата минута го постигна ссвојот втор гол на средбата, а вторпат во листата на стрелци се запиша и Сака 15 минути подоцна. Точка на дебаклот за селекцијата предводена од Славен Билиќ стави Морган Роџерс во 87-та минута.

За Хрватска ова е втор пораз во третиот натпревар во ова издание откако во минатото коло ги победи и Шпанија со 4-1, славеа против Чешка во првото коло. Англија од друга страна има две победи и еден пораз.

Останати резултати:

Финска – Албанија 2-1
Белорусија – Сан Марино 4-0
Естонија – Луксемург 1-0
Исланд – Бугарија 3-0

Можно е и ова да ти се допаѓа

×