Напаѓачот на Данска, Расмус Хојлунд вчера постигна гол против Португалија и прослави во стилот на Кристијано Роналдо, вели дека ЦР7 е неговиот идол и на овој начин сакал да му даде поддршка.
Во пресрет на пресметката помеѓу Данска и Португалија во Лигата на нации, топ тема беше Кристијано Роналдо, кој на големо изненадување ја напушти репрезентацијата.
Турбуленциите почнаа на натпреварот против Норвешка, кога напаѓачот се загреваше но не влезе во игра, па во вторникот не се појави на тренинг.
Се веруваше дека недоразбирањата беа надминати по состанокот со селекторот Жорж Жезус и претседателот на федерацијата, Педро Проенса , но Кристијано Роналдо и во средата се повлече од тренингот, се спакува и со својот приватен авион си замина од Копенхаген.
Португалија добро се справи со оваа драма, вчера со 2-4 ја совлада Данска, но целата ситуација не му се допадна на Расмус Хојлунд.
Напаѓачот кога изедначи на 2-2 на стартот од второто полувреме прослави во стилот на Кристијано Роналдо.
Höjlund haut gegen Portugal den CR7-Jubel raus #DAZNmoment #UEFANationsLeague
— DAZN DE (@DAZN_DE) October 1, 2026
Internationalen Top-Fußball und vieles mehr seht Ihr ab 4,99€ mtl. live auf DAZN. pic.twitter.com/haPTu2vqdu
„Само сакав да му го посветам голот на мојот идол Кристијано, особено поради работите што му се случуваат во овој период од кариерата“ – рече голгетерот, кој потоа испрати и порака до Португалците.
„Доколку не го цените Кристијано Роналдо, ширум светот има огромен број луѓе кои тој ги инспирирал и кои се уште му се восхитуваат“.
По крајот на натпреварот, кога играчите на двете репрезентации се поздравуваа, Расмус Хојлунд дури и го турна Жорж Жезус, кој се посочува како главен виновник за заминувањето на Кристијано Роналдо.
— Siuuuuuu (@ballknowersiuuu) October 1, 2026